Идризово во скопска Гази Баба доби нови пешачки патеки и паркинг простор

Завршија градежните работи за изградба на пешачки патеки и паркинг простор во населеното место Идризово.

- Изминатиот период со павер елементи се изградија три улици во населеното место Инџиково, а во завршна фаза се градежните активности на краци од улица Финска во Ченто, информираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски и најави дека во следниот период градежни активности со павер елементи ќе се реализираат и во други населени места на територија на општина Гази Баба.

- Уредувањето на јавниот простор останува наш приоритет! - порача тој.