„Идила” на Каролина Гочева ќе ве освои од прва! (ВИДЕО)

Три години по издавањето на последниот албум „Извор“, Каролина Гочева го најавува својот нов албум, на кој изминатите две години работела заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Албумот е составен од преработки на најубавите македонски евергрини, песни кои не биле многу изведувани низ годиниве, музика од 60ти, 70ти, дури и песна која Димитар Масевски ја напишал ‘57 година.

Како најава за новиот албум, деновиве беше објавена „Идила“ , дело е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато. За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, додека за кларинетот Исмаил Лумановски.