Основното јавно обвинителство Куманово го идентификува и спроведува постапка против 35-годишникот кој запали три возила и фотокопирница во Куманово.
Како што информира ЈО, го сомничи лицето дека на 2 декември, во раните утрински часови, со умисла извршил повеќе поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело и со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот, при што настапила поголема имотна штета.
„Откако претходно во пластични шишиња набавил бензин од бензинска пумпа во Куманово, тој намерно предизвикал пожари на неколку локации во Куманово, каде запалил три патнички моторни возила и еден објект – фотокопирница која се наоѓа во состав на станбена зграда. Мотивите за извршување на делото се испитуваат, но исклучено е дека повод била меѓуетничка нетрпеливост. Доказите до овој момент не укажуваат на инволвираност и на други лица“, соопшти ЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави лпредлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.