Идејата за трамвај повторно заживеа: Првата траса од Ново Лисиче до Ѓорче Петров

Идејата за трамвај во Скопје повторно заживеа. Градските власти го најавија овој капитален проект, за што е подготвена целосна сообраќајна студија со техничко решение.

Студијата предвидува изградба на првата фаза од трасата за трамвај на релација Ново Лисиче – Ѓорче Петров.

Реализацијата би започнала веќе следната година, а проектот ќе тежи помеѓу 130 и 150 милиони евра.

Очекувањата на властите се дека тоа ќе го унапреди јавниот превоз во главниот град и ќе влијае на намалување на аерозагадувањето.