Идеја за ручек: Пикантно пилешко со брокула

Едноставен и лесен рецепт кој се подготвува брзо.

Состојки:

Две парчиња пилешко филе

Брокула

100 мл соја сос

Две лажици мед

Две лажици маслиново масло

Бибер

Лук во прав

Начин на подготовка:

Раздвојте ја брокулата на парчиња и динствувајте ја на пареа. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Направете маринада од соја сос, мед, маслиново масло и половина лажичка лук во прав.

Искористете ¾ од маринадата да го премачкате пилешкото, наредете го во тава, ставете бибер и печете во загреана рерна 15 минути.

По 15 минути, додајте ја брокулата и зачинете ја. Послужете со прилог по избор.