Ова е видео на кое се гледа една река во Ирска опружена од шума и на која има еден мал мост. Освен прекрасната глетка за очи, видеото стана мегапопуларно поради прекрасните звуци кои неверојатно опуштаат.

Ова е дело на визуелниот уметник Џони Лосон кој две години ја снимал истата сцена.

Ни самиот не бил свесен, ниту пак очекувал дека неговото дело ќе им помогне на милиони луѓе ширум светот кои се борат со несоница и стрес. Почнале да му пишуваат луѓе од различни држави кои биле импресионира и на кои не им се верувало како ова видео успеало да им ги реши проблемите со спиењето.

Минутажата е совршена, нешто повеќе од осум часа, токму толку колку му е потребно на организмот. Благодарејќи на тоа, ако некој се пробуди и среде ноќ, звуците повторно ќе го успијат.

Во едно од писмата, некој човек напишал: „Откако го открив видеото, подолго спијам и деновите ми се подобри. Со години се борев со несониците и бев фрустриран околу тоа. Сега едноставно го пуштам видеото, звуците ме прават сонлив и се чувствувам многу подобро кога ќе се разбудам. Ви благодарам што ми го овозможивте тоа.“

Доколку и вие се борите со несоници, обидете се со ова видео, нема ништо да изгубите, а можете да добиете здрав сон!