Ичиго ичи: 10 јапонски тајни за среќата

Ичиго ичи(ichigo ichie) може да се преведе како овој момент, можноста во него. Тоа значи дека секој миг, сите нешта кои ги искусуваме се уникатно искуство кое никогаш веќе нема да се повтори на ист начин. 

Кога стануваме свесни за ичиго ичи ни помага да сфатиме секое утро дека секој ден ни е даден како подарок и дека треба да уживаме во сите нешта кои тој ги носи. Практикувањето на овој метод може да ни помогне да имаме поисполнет и посреќен живот, без грижа за минатото или нервоза за иднината. 

Ова се 10 принципи на оваа јапонска филозофија.

Не ги одложувајте специјалните моменти 

Секоја можност доаѓа еднаш. Ако не ја прифатите, можете засекогаш да ја изгубите.

Живејте како сè да се случува само еднаш во вашиот живот

Затоа е добро да се однесувате со вашите сакани според оваа филозофија. Покажете им дека ги сакате и дека се специјални.

Бидете тука, во сегашноста

Одењето назад во минатото или напред во иднината не носат ништо добро, тие се бескорисни. Не можете да знаете што се случило, ниту пак да знаете што ќе се случи. Но, можностите се тука, во сегашниот момент.

Направете нешто што не сте го направиле досега

Како што вели и Анштајн, не можете да повторувате некои исти работи и да очекувате ист резултат. Еден од начините да постигнете нешто незаборавно е да си дадете себеси можност да пробате нешто ново.

Медитирајте

Не мора да е посебен вид медитација. Не ви се потребни посебни техники за тоа. Направете го тоа додека сте сами, заборавете на обврските и сите грижи. На само неколку минути, опуштете го умот.

Слушајте, гледајте, допирајте, пробувајте, мирисајте

Дајте им шанса на петте сетила кои ги имате. Тоа е дел од убавината на животот. Тоа ќе ви помогне да развиете емпатија.

Забележете ги случајностите

Забележете ги работите кои се случуваат и сфатете дали се случајност или едноставен, но моќен знак од универзумот. Водете дневник за тоа што го гледате и чувствувате.

Секоја собиранка нека биде забава за вас

Не ги чекајте вистинските моменти – патување, роденден или посебен настан. Уживајте во секое собирање со вашите блиски. Секој ден нека биде славење на животот.

Ако не ви се допаѓа нешто, сменете го

Ако имате моќ да смените нешто, потрудете се да го направите тоа. Ако не можете, едноставно тргнете се.

Ловете ги посебните моменти

Секоја можност, секој миг нека биде посебен за вас. Колку повеќе ја практикувате оваа техника, толку подобро ќе се чувствувате.