Ибрахимовиќ го посети и Скопје (ФОТО)

Живата фудбалска легенда, Златан Ибрахимовиќ, сè уште е на македонско тло, откако денес се одлучи да го разгледа нашиот главен град, Скопје. 

Сепак откако вчера се појавија неколку фотографии од неговата посета во Штип, денеска фотографиите на профилот на еден од најпознатите ловџии во нашата земја Бране Ѓоргиоски потврдуваат дека фудбалерот сега е во Скопје и тоа во Мериот Хотел.