Жителите на општината Карпош го креваат гласот за неконтролираната урбанизација на општината. Во фејсбук групата креирана за оваа намена тие велат дека револтот најпрво го изразуваат преку социјалните мрежи, а потоа најавуваат и протести.
Нивната цел е да го потсетат општинските инспектори и градоначалникот Стефан Богоев за неконтролираното градење во општината, а како пример за ова ги посочуваат зградите во близина на бензиската пумпа „Окта“ на булеварот „Партизански одреди“.
Сакаме здрава животна средина за нас и нашите деца и освен права имаме и обврска да ја зачуваме и унапредиме, и должност да реагираме кога тоа право е загрозено.Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата се вели во фејсбук групата формирана за оваа намена.