И во градските претпријатија се работело по „рамковен“ принцип: 33 лица во „комуналец“ чистеле од дома

33 лица во скопска „Комунална Хигиена“ земала плата, но не оделе на работа. На сите нив денес им бил прекинат работниот ангажман, информираа од јавното претпријатие. 

- Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните, се вели во соопштението од таму. 

Од таму информираат дека во текот на денешниот ден настанал инцидент со една од вработените, за која веднаш била започната постапка за дисциплинска одговорност. 

- Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување, додаваат тие во денешното соопштение.