И во Австрија рекорден број заразени со коронавирус

Австрија денеска регистрира нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, и тоа втор ден по ред, соопштија локалните власти.

Како што пренесе ДПА, откако вчера беа регистрирани речиси 48.000 нови случаи, денеска таа бројка достигна скоро 50.000.

Експертите ја критикуваат одлуката на австриската Влада да ги укине скоро сите преостанати ограничувања за ковид-19 од 5 март, тврдејќи дека потегот доаѓа прерано.

Бројот на пациенти со ковид-19 во болница во Австрија, сепак, малку падна во споредба со претходниот ден, а и бројот на пациенти со Ковид-19 на интензивна нега остана стабилен.

Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе во Австрија моментално изнесува околу 2.800 случаи.