И велосипедистите треба да носат заштитна опрема!

Како и сите превозни средства така и велосипедот е потребно да биде подготвен односно сервисиран пред да влезе во сообраќајот. РСБСП посочува неколку начини како граѓаните да го проверат својот велосипед во домашни услови.

Покрај економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на сообраќај, идеален за кратки или умерени растојанија, велосипедизмот како превозно средство има бројни позитивни придобивки по здравјето на луѓето.

Поголемата употреба на велосипедот во сообраќајот значи намалената потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухот, намалување на бучавата во населените места, намалување на сообраќајниот метеж, побезбеден сообраќај, повеќе места за паркирање...

Како и сите превозни средства така и велосипедот е потребно да биде подготвен односно сервисиран пред да влезе во сообраќајот. РСБСП посочува неколку начини како граѓаните да го проверат својот велосипед во домашни услови.

-Велосипедот треба да се исчисти од нечистотијата која се насобрала во текот на зимскиот период. За да можете да ги забележите евентуалните недостатоци или дефекти на велосипедот тоа најдобро ќе го воочите на чист велосипед. Нечистотијата ќе ја отстраните на сув велосипед со четка и секако ќе внимавате таа да биде темелно исчистена. Откако ќе го исчистите велосипедот на суво ќе земете вода и сунѓер и уште еднаш ќе го поминете, се вели во соопштението на РСБСП.

Ланецот на велосипедот се подмачкува или се прска со специјално средство. Најпрво со сува крпа и се вртат педалите напред - наназад, а потоа со средство се подмачкува ланецот.

РСБСП ги потсетува граѓаните да ги проверуваат кочниците и истите да ги подмачкуваат со средство за кочници.

Пред првото возење задолжително да се проверат и сопирачките. Потребно е нивно подмачкување, а доколку сопирачките облоги се истрошени тие треба итно да се заменат.

-Задолжително да се провери затегнатоста на навојната врска на сите носечки делови, како главата на управувачот, педалите и запчаниците. Доколку постојат лабави споеви на велосипедот тие ќе ги проверите со подигнување и пуштање на тркалата. За затегнување можете да користите квалитетен мултинаменски алат, но секако бидете внимателни со затегнувањето за да не оштетите некој дел од велосипедот, посочуваат од РСБП.

Љубителите на велосипедизмот треба редовно да ги проверуваат и гумите. На самите гуми е наведен-запишан минималниот и максималниот притисок на воздух. За пумпање се препорачува робусна стоечка пумпа со манометар. Истрошените и напукнати гуми се сериозна опасност при возењето и задолжително треба да се заменат.

Од РСБСП потсетуваат дека задолжително треба да се проверат светлата и катадиоптрите затоа што на велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.

-Доколку немате време ниту простор да ги направите проверките во домашни услови, однесето го велосипедот на сервис и имајте безбедно и сигурно возење.

И не заборавајте да ја проверете и подгответе опремата и да користитете заштитен шлем и друга опрема за пасивна безбедност, пред се заради вашата лична заштита, се вели во соопштението на РСБСП.