И така, на еден сосема обичен ден, животот ќе ви ја донесе вистинската личност...

Ќе се појави една личност во вашиот живот и нема да ја препознаете. Ќе помине многу време од вашата прва средба, но на вашето патување, напишан е датумот кога повторно ќе се сретнете. Вашите очи ќе се сретнат и ќе се препознаете, бидејќи во воздухот ќе има нешто посебно. 

Ќе откриете нежен и разигран поглед во тие очи, како повторно да го откривате детето во себе и ќе почувствувате топлина која се шири низ вашето тело, но сепак ќе бидете скептични. Премногу болка, разочарувања, каења и грешки го замаглуваат вашето срце, но оваа личност е пратена во вашиот живот за да ги скрши сите ѕидови, како ветерот кој ги брка облаците и ќе направи вашето срце и очи повторно да блеснат!

А подоцна... ќе ја гледате вашата средба како „случајност“ која ви помогнала да ги најдете одговорите кои дури не сте ги ни барале. Додека си зборувате, ќе почнете да откривате необични сличности: истите болки, истите рани. Набргу ќе сфатите дека така било пишано: да се сретнете и да си помогнете едни на други да ги залечите раните со силата на љубовта која постои и покрај сѐЍ

Потоа ќе биде потребно взаемно да се отворите, да ја добиете и да ја споделите љубовта по која секогаш сте копнееле, и тогаш ќе сфатите дека сте почнале да си давате љубов и на себеси и дека сте почнале да се сакате себеси. 

Толку долго сте го држеле срцето затворено, но сега е време да се грижите за себеси. Ќе видите дека вратата од срцето никогаш не се затвора, тоа е невозможно, затоа што на таа врата нема брава!

Ќе се појави личност која има многу сличности со вас. Ќе ви го даде она што вие сте им го давале на другите, а не сте го добиле за возврат, како да садите цвеќе, а тоа цвета во градината на други луѓе. 

Тоа е чуден живот и изгледа дека почнувате да сфаќате дека сте згрешиле кога сте рекле дека не треба да давате љубов. А кога не очекувате ништо – тогаш сѐ што сте го давале на другите, одеднаш ќе ви се врати назад. Љубовта ќе се врати!

На еден најобичен ден, кога целото ваше внимание е насочено кон вас, кога го истражувате она што секогаш сте го сакале, животот ќе ви ја донесе вистинската личност што секогаш е на ваша страна и во добро и во лоши и без заклетви заедно ќе одите до крајот на вашето патување!

Фала ти Боже!