И студентите на постдипломски студии ќе добијат платежна картичка

Студентите од третиот степен во високото образование, односно студентите што се на постдипломски студии на возраст до 29 години ќе добијат платежна картичка.

Владата денеска ја дополни и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.