Се чини „војната“ меѓу старите скопјани и дојдените провинцијалци во главниот град е вечно актуелна. На социјалните мрежи постојано има дебата на темава.
Скопје е преплавено од дојденци, кои купуваат станови, велат некои скопјани. Доселениците пак, велат дека поради егзистенцијата и можностите кои ги нуди Скопје се приморани да се преселуваат цели семејства.
Една анегдота вели дека кога во Скопје правеле анкета со прашањето „Зошто ви пречат луѓето од други градови?“, 68.9% одговориле „А, на кого му сметаме?“.
На „X“ бројни коментари на темава:
Ниеден скопјанец не би бил прифатен во провансалски град така како што Скопје ги прифаќа доселените што не се принудени да се адаптираат.И пак не чини.
— SnaaVraništanska(za'atar) (@vranistanska) October 2, 2024
Си патиме од фрустрациите на луѓето пораснати во некоја длабока провинција, но не се тие виновни. Виновни се оние од длабоката провинција кои се дојдени пред нив во градот и за инает на тие што останале, не мрднале со мал прст да ја цивилизираат длабоката провинција.
— Lex Sander (@alebajk) October 2, 2024
Јасно ми е зошто сите млади од провинција сакаат да живеат во Скопје, кариерата е во прашање. Децата на моите пријатели сите студираа и останаа во Скопје. Имав стан 100 кв во Дебар Маало, наследство од тетка ми и го продадов пред 5 години. Како издржувате да живеете во Скопје?
— Yashi Mikitu (Heracleus1) October 2, 2024
Франкенштајн во запуштен скопски дом за (не) грижа на стари лица. И на крај се прашувам што мајка бараат овде оние од провинција. Ајде јас го сакам Скопје од носталгија, ама што гледаат во него оние кои не пораснале по неговите улици и сокаци? 14/14
— Lex Sander (alebajk) October 2, 2024
Може е од провинција и си мисли дека во Скопје ѓубрето автоматизирано иде у контејнер па е збунет … може сега се жали на секо вика абе ставив ѓубре у влез додека да облечам кондури некој ми го зема
— Alex Macedonian (Alex4Macedonia) September 20, 2024
35 квадрати стан во Скопје = 50.000 евра
250 квадрати куќа во провинција = 50.000 евра
јебеш му матер, ако човек знае кај да тера ..— Berzitian (@Berzitian) September 16, 2024
Никогаш не ми било навреда тоа шо ми викале провинцијалец. А и живеев скопје гарантирам дека у провинција иам подобар живот од 70 посто скопјани
— Asta (@Obavezniot) September 10, 2024
Па и скопје е провинција ако не си искочил надвор од Македонија, така да смешна ти е етикетава
— Manilavanila (@Manilavanila8) September 10, 2024
Навиките од сред село.. Сите херои у Македонија се од провинција за која једеш трици, еве и Тоше на кој му се дивиш беше од сред село.. 90% од убавините у Македонија се у провинција, у Скопје имаш само канцероген воздух и избор за работа, ништо повеќе. Али супериорни.. Латентни..
— The Tourist (@Traveling5r) September 7, 2024