Бројот на заболени од мали сипаници во Европа, лани се зголеми во однос на претходната година, соопшти европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Европскиот центар предупреди дека и понатаму се појавуваат нови случаи, бидејќи нивото на имунизација е ниско. Повеќе од 14.400 случаи се пријавени во 30 земји лани, во споредба со околу 4.600 заболени претходната година.
Европските власти соопштија дека во Романија, Италија, Грција и Германија владее епидемија на мали сипаници.
Од 2016-та година, регистрирани се 50 смртни случаи поврзани со малите сипаници. Сериозни компликации се случуваат воглавно кај децапод пет години, па затоа властите апелираат дека е пожелна висока стапка на вакцинација од најмалку 95 проценти.