
73-годишна скопјанка вчера изутрината била насилно ограбена од лице кое претходно и се понудило да и помогне и да ја испрати до нејзиниот дом.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, едно лице кое претходно се понудило да и помогне на З.Е.(73) од Скопје да ја испрати до нејзиниот дом, со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со пари, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.