И покрај зголемувањето на акцизите за горивата Македонија останува најевтини во регионот - колку литри гориво е една просечна плата?

И покрај зголемувањето на акцизите за горивата, Босна и Херцеговина и Македонија остануваат најевтини во регионот, но не и според висината на просечната плата и трошокот на секој граѓанин поединечно, покажуваат податоците за цените на горивата кои на неделна основа ги собира порталот Globalpetrolprices.com.

Според податоците на овој портал, во Босна и Херцеговина  и  Македонија цената еден литар гориво чини, во просек, малку помалку од еврото. Следат Србија (1,2 евра), Словенија (1,26 евра) и Црна Гора (1,27 евра).

Најскапи горива во регионот ги плаќаат жителите на Хрватска (1,32 евра) и на Албанија (1,37 евра).

Но според просечната плата, најмногу гориво во земјите од регионот може да се купи во Словенија – 866  литри, Хрватска – 641 литри, Црна Гора – 402 литри, Србија – 333 литри, Македонија – 388, БиХ – 388 литри и во Албанија – 275 литри.

И ако граѓаните на Албанија со просечна плата можат да купат најмалку гоиво во Европа, 275 Швајцарцитесо една плата можат да 3.388 литри бензин.

Следуваат Луксембург – 2.838 литри, Данска – 2.226 литри, Норвешка – 2.018 литри и Австрија – 2.003 литри, Германија  1845литри.

За просечна плата во Европа најмногу гориво може да се наточи во  Лихтенштајн 4.238 литри и Монако 3.403 литри.

Цени на горивата во светот: Исланд 1.60 евра, Норвешка 1.55 евра, Шведска 1.51 евра, Алжир 0.16 евра, Саудиска Арабија 0.10 евра, Иран 0.07 евра.