И покрај сите изневерувања, штети и сите пропаднати соништа, овој свет сѐ уште е прекрасен!

Мирно чекори низ целата таа бука и хаос;
сети се колку мир може да се најде во самото молчење.
До крајот на своето трпение биди добар со сите, но не отстапувај.
Говори ја својата вистина мирно и јасно и сослужувај ги другите, дури и глупавите и оние кои не знаат – и тие имаат своја приказна.
Бегај од бучни и наметливи луѓе, тие не се пригодни души. Ако се мериш со другите, лесно ќе станеш празен и горчлив. Секогаш ќе има и поголеми и помали од тебе.
Радувај се на она што си го постигнал и на она што мислиш да го направиш.
Биди истраен во својата служба, без оглед на тоа колку е скромна – тоа е единственото нешто коешто го имаш од превртливата и краткотрајна среќа.
Но, тоа нека не те прави слеп за доблестите – многумина се стремат кон високи идеали и животот секаде е создаден од јунаштво. Остани прибран.
Никогаш не се преправај.
Не биди бесрамен во љубовта: и покрај сите неволји и разочарувања, таа е истрајна како тревата.
Спокојно прифаќај ги мислите кои ти ги носат годините, благодарно остави го она што и припаѓа на младоста.
Одржи ја силата на духот, тоа ќе те заштити при изненадни неволји. Но, не се мачи себеси со измислици.
Многу стравови се родени само од замор и осаменост. Иако редот е благотворен, биди попустлив кон себе.
Ти си дете на светот и не си ништо помалку од дрвјата и ѕвездите, ти имаш право да бидеш овде.
Без оглед на тоа дали ти е јасно или не, се во универзумот, без никакво двоумење, се одвива баш онака како што тој сака.
Затоа, биди во мир со Бога, без оглед на тоа што е Тој според твоето сфаќање и без оглед на тоа какви се твоите намери и двоумења во оваа заглушувачка збрка наречена живот, помири се самиот со себе во твојата душа.
И покрај сите изневерувања, штети и сите пропаднати соништа, овој свет сѐ уште е прекрасен.
Чувај се. Тежнеј кон среќа.

(ирска молитва од 17 век)