И оваа година ќе се одбележува Ден на крстот во Кучково

Општина Ѓорче Петров, на  01.05.2019 кај крстот во с. Кучково ќе го одбележи традиционалниот Ден на крстот, кој секоја година се одржува на 1 мај.

За присутните граѓани на 14-тиот по ред народен собир, општината подготви богата програма која вклучува културно-забавен дел, дефиле на кинолошки и коњички клуб, ликовна колонија, спортски игри, како и настап на музичка група.

Воедно, ќе биде одржан и свечен молибден пред светиот крст, а за ручек ќе биде послужено традиционалното војничко гравче.