Скопјанец сподели едно непријатно искуство кога го оставил својот автомобил на миење во една пералница во скопска општина. Требало да плати 1000 денари.
- Проверете пред да ја оставите колата на перење! Граѓанин се соочи со изненадувачки висока цена за стандардно миење на автомобил – 1000 денари. На прашањето како е можно толкава цена, одговорот бил: „Со години си ја држам таа цена“, споделено е во фесјбук групата „Аеродромци“.
Дополнителна услуга, како премачкување на гумите и пластиката, не била вклучена во оваа сума – таа се наплаќала посебно.
Дали ова се реални пазарни цени или тренд на неконтролирано зголемување? Какви се вашите искуства?