И ова е Македонија: Две третини од младите живеат на грбот на родителите

-Се оженив пред шест години. Имам две деца. Работиме и јас и сопругата, но платите ни се минимални. Живее се уште со моите родители во заедница. Не можеме да опстанеме сами. Вака ги делиме трошоците за дома, а и моите помагаат околу чување на децата. Така е сега за сега. Се надевам еден ден на нешто подобро...

Само 5% од младите во земјава немаат финансиски проблеми и можат да купат што ќе посакаат, а секој осми млад нема пари да купи облека и обувки.

Над две третини од младите во Македонија, на возраст од 16 до 30 години живеат со родителите. Овие „благодети“ на продолжена адолесценција ги уживаат повеќе машките отколку девојките, а на село повеќето млади живеат со родителите за разлика од урбаните средини.

Овие статистики експертите ги коментираат објаснувајќи дека Македонија е една од земјите каде младите не се поттикнуваат на самостојност, живеат и зависат од родителите за кои се емоционално поврзани.

Младите не можат да си дозволат 1.46% од шесте основни добра, а тоа се одржување на топол дом, одмор од една недела годишно, оброк со месо, риба или пилешко секој втор ден, замена на мебел, купување нова облека или да поканат гости.