И општина Центар се сеќава на катастрофалниот земјотрес

Земјотресот го голтна Скопје во 1963, а денеска сите се сеќаваат и се молат повеќе да не се повтори никогаш.

По тој повод, со положување на свежо цвеќе, претставници од општината Центар, оддадоа почит на настраданите со порака дека само заедништвото ја победува секоја катастрофа, издигајќи се одново во нови почетоци.