„И ние сме со посебни потреби“ - Домашната култура на децата се гледа надвор од домот

Продолжува уништувањето на детските игралишта низ градот. Во последно време настрадаа неколкуте новоизградени игралишта неменети за дечињата со посебни потреби.

Граѓани постојано алармираат дека реквизитите на овие игралишта се кршат и уништуваат од други деца кои не ја разбираат нивната намена. 
Иако пред извесно време на ваквото игралиште во Влае тешко се повреди дете од основното училиште во близина кое невнимателно се нишало на една од лулашките наменета за дечињата кои се во инвалидска количка. 

Жителка на Бутел сведочи дека викендов цела група деца буквално ги уништувале реквизитите на тамошното игралиште.

- Десетина деца беа качени на лулашката наменета за деца со инвалидска количка. Силно ја нишаа, скокаа од неа и во неа... Опасно и за нив самите. Кога им реков дека реквизитите се за деца со посебни потреби тие дрско ми одговорија „Па и ние сме со посебни потреби“. Продолжија со своето девијантно однесување без никаков обзир за никого и за ништо - сведочи оваа наша сограѓанка.