И натаму има автобуси кои превезуваат патници без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца стружани за вршење јавен превоз без лиценца, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Струга и И.Ј.(51) од струшкото село Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 12.06.2022 година кај селото Подмолје, полициските службеници го затекнале првопријавениот при управување такси возило, сопственост на второпријавениот, без соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници издадена од надлежен државен орган, посочуваат од МВР.