
По критиките на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски кон спиновите на Бујар Османи, со своја реакција излезе и професорката Мирјана Најчевска.
Таа оценува дека Османи се обидувал да се прикаже како борец за интересите на Македонија, но дека всушност бил министер во сенка на Косово.
„Бујар Османи се обидува да се прикаже како борец за правата на Македонците и борец за интересите на Македонија. Факт е дека Бујар Османи беше министер во сенка на Косово и од таа позиција неовластено и без никакви консултации потпиша Протокол со кој Македонија ја доведува во подредена положба во однос на Бугарија и кој има далекусежни негативни последици врз државата“, нагласи Најчевска.