И минатата недела „пајакот“ имал доста работа низ Скопје

Во текот на една недела 179 возила биле подигнати со „пајак“ поради непрописно паркирање и попречување на нормалниот тек на сообраќајот низ главниот град. 

-Во периодот од 31 мај до 6 јуни, со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 56 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани - информираат од ЈП ПОЦ.

Оттаму потенцираат дека заедно со Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината.

-Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците - велат од ЈП ПОЦ