Кралицата Елизабета Втора почина вчера на 96-годишна возраст во палатата Балморал.
Кралското семејство, но и цела Велика Британија и светот е во тага!
Исклучок не се ниту Македонците кои на социјалните мрежи искажуваа сочувство за нејзината смрт.
Околу ова се разви широка дебата. Еве што пишуваат:
-На фб имам 3000+ пријатели. Стотици и стотици од нив се ожалостени и длабоко повредени од веста дека почина 96 годишната кралица Елизабета. Ја споделуваат болката, упатуваат сочувство, го следат примерот на 90% од политичарите, функционерите, инфлуенсерите....
-Само од пуста мода половина и повеќето објавија за тоа, демек стварно многу им е криво, а да ги прашаш појма немаат која е жената и што уствари правела.
-Кралицата во нејзиното владеење не е запомнета баш по убави нешта. Малку да изгуглате да видите какви се одлуки има носено како кралица. Да не мислите дека само седела со круната на глава и така го задржала престолот. Во најмала рака не треба да жалите нешо посебно зошто ниту владеела тука ниту било како сте поврзани со неа. И сеа умре бабичката и ај Македонија ќе ја жали и плаче. Да ви се изначудам посабајлечки.
Збогум Бети
— i999y (@i999y) September 8, 2022
Абе у реду е да се ситиш на кралицата дека умрела ама факти се дека умрела многу стара, негувана, опкружена со злато и раскош на 96 години. Као у најголеми маки да умрела и се радувате, па карма, па господ. Фул живот си живеела, ја заболе за вас
— Летечи фахман (FicoKu) September 9, 2022
ДалиЗнаете дека Кралицата Елизабета безброј пати на себе го има носено троредниот ѓердан од ОХРИДСКИОТ БИСЕР од фамилија Талеви, кој пак и го подарил покојниот Претседател на Р. Македонија Борис Трајковски?! OhridPearlsQueenElizabeth pic.twitter.com/RXT3w2AXkI
— (@WaiterMKD) September 8, 2022
Дали кажале веќе бугарите дека Елизабета имала бугарски корени или ќе треба да почекаме до пладне некаде, евентуално накај 13:00h?
— Брада (legovski) September 9, 2022