И кај скопската фабрика „Треска“ ќе почнат да се градат згради

Околу триесет нови згради се предвидени да никнат кај поранешната скопска фабрика „Треска“.

Инвеститорите веќе доставуваат барања за градба до Општина Центар. Доставуваат идејни проекти кои општината треба да ги одобри и врз основа на тоа да пресмета комуналии. 

Просторот на поранешната скопска фабрика „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. 

Во моментов до општината има поднесени околу 5 барања за градба.