И градоначалникот на Ѓорче Петров користи јавен превоз

„Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби“, ова на својата фејсбук-страница го објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Бесплатниот јавен превоз е дел од вонредните мерки предвидени во борбата против прекумерното загадување на Скопје.

Градоначалникот со својот потег дава пример на сите сограѓани, со мотивација за користење на јавен превоз, наместо сопствените возила.