И Ѓорче Петров кажа „НЕ“ за населување на мигранти

Почитувани пријатели, поддржувачи на граѓанската иницијатива „Будење”, би сакале да ве информираме за следново:

Имено, имаме информација дека согласно Националната стратегија за интегрирање бегалци и мигранти кои се предложени од Владата и Министерството за труд и социјална политика е предвидено во општината Ѓорче Петров да се испланираат објекти за колективно домување, во средини кои се инклузивни и етнички и социјално разнолики за да може да се вдомат мигранти, пишува ФБ страницата „НЕ за населување на мигранти во Ѓорче Петров“.

Согласно овие параметри, се проверува можноста тие згради да бидат изградени на просторот спроти очната болница св. Лазар, на улица Ѓорчепетровска, кај населбата Дексион или Ѓорче 2.

Се работи за простор, државно земјиште, со зафатнина од преку 37.000 м2, кое според географската положба ги исполнува условите на етничка и социјална разноликост, со што се претпоставува дека процесот на инклузија ќе биде полесен.

Почитувани, НИЕ тоа нема да го дозволиме, НИЕ сакаме да живееме во Ѓорче Петров какво што го знаеме досега, гордо, патриотско, достоинствено, мултиетничко и со својот познат локален имплус што е својствено само за нас. НИЕ нема да дозволиме наметнување на нечија волја, за собирање ситни политички поени и цврсто стоиме на ставот дека исто како во 94′-та година, со истот жар и со истите средства и елементи ќе застанеме во одбрана на нашата општина.

РАЗБУДИ СЕ !!!, стои во ФБ постот на „НЕ за населување на мигранти во Ѓорче Петров“.