И Французите ја забележаа сообраќајна (не)култура на скопјани (фото)

Во Скопје, очигледно никој не пркира на паркинг. Автомобилите ги узурпираат тротоарите, принудувајќи ги пешаците да одат по главните улици, пишува france24.com.

Овој француски портал пишува за акцијата на социјалната мрежа Твитер, каде корисниците активно споделуваат фотографии со хаштагот #ЈавенПростор, на кои може да се забележат случаи на непрописно паркирање или поставување привремени објекти, со кое се спречува движењето на пешаците на површините на јавниот простор.

Револтирани што тротоарите сè почесто се користат како паркинзи, корисниците на оваа мрежа решија визуелно да го презентираат сето тоа на своите сограѓани, со надеж дека ќе стигне до надлежните и конечно ќе се преземат соодветни мерки.