
Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека на вчера околу 18:00 часот во дом на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од 33-годишна жена од Скопје, при што ја снимила со мобилен телефон.
Во полицискиот билтен се наведува дека претходно вчера и 33-годишната жена пријавила дека околу 18:45 часот била физички нападната од 37-годишната жена.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.