И две деца од ОУ „Братство“ во домашен карантин

Покрај трите деца од основното училиште Владо Тасевски во Козле, кои се во домашна изолација зашто родителите биле присутни на симпозиумот кој се одржа во Рагуза во саботата, а каде била присутна и заразената од коронавирус директорка на Клиниката за кожни и венерични болести, Слободен печат дознава, дека и две деца од основното училиште Братство, исто така се ставени во домашен карантин од истата причина.

И нивните родители биле во Рагуза на симпозиумот. Од родители во Карпош дознаваме дека некои родители самоиницијативно си ги повлекуваат децата од настава, им се јавуваат да си дојдат дома и да не седат на часови.