Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски, утрово ги поддржа екипите во расчистување на снегот на терен.
-Рано утрово директорот Сотировски им се придружи на екипите на терен во расчистувањето на снегот. Интензивно се чистат и ослободуваат натежнатите гранки од снегот со цел да се избегне кршење и оштетување на младите садници и грмушки.Исто така се расчистуваат и пешачките патеки во парковите, информираа од претпријатието.
Оттаму порачаа дека ја следат состојбата и доколку е потребно ќе интервенираат во попладневните и ноќните часови!