И директорите ќе даваат отчет за службените трошења

Се проширува списокот на државни ешалони кои ќе имаат обврска да ги објавуваат службените трошења. За јавноста стануваат видливи, трошењата на директорите и нивните заменици на сите јавни претпријатија, државни акционески друштва и самостојни органи.

Владата на дел им од нив укажа а дел ги задолжи, податоците за трошењата од службени сметки во изминатите шест месеци да ги обајават  на официјалните веб страници најдоцна до 20 јуни.

„Се работи за нешто коешто ќе тече во континуилтет, односно на секои шест месеци ќе треба дел од функционерите да ги објавуваат нивните лични трошоци и нда бидат достапни на увид на целата јавност.“ - изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Директорите и нивните заменици ќе треба буквално да раскажат кога, каде и на што потришиле државни пари, вклучујајќи ги и сметките направени за службени патувања, гоштевања по ресторани како и за организирање на состаноци. Претходно обврска за отчетност за трошоците имаа само министрите нивните заменици, државните секретари, генералниот секретар на владата и премиерот, со што јавноста дозна и кои се најголемите трошаџии во власта.

На врвот на листата за потришени пари за угостителски објекети во земјата, странство и во мензите низ институциите се најде министерот за економија Крешник Бектеши, но тој трошењата ги правдаше дека не биле само негови.

За недомаќински трошења, владата веќе го разреши директорот на Агенцијата за промоција и развој на туризмот,  Александар Донев. Се обелоденија и нерационални треошења по различни основи - од исплата на бонуси до патни трошоци и во антикорупциската комисија и во ДИК по што сите членови си поднесоа оставки.