И денеска врнежи од снег - од петок драстична промена

Времето во Македонија и денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Утринската температура, според УХМР, ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од минус четири до три степени. 

Во Скопје не очекува слично време, облачно со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до минус еден степен. 

Од петок до недела се најавува стабилно и суво време со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.