И денеска протест пред Собранието, затворени улици за сообраќај

Пред малку пред Собранието почна протест па поради тоа затворени за сообраќај се двете насоки на улиците 11 ОКТОМВРИ и ДИМИТРИЈЕ ЧУПОВСКИ на потегот од крстосницата со бул. КОЧО РАЦИН до крстосницата кај ТЦ ПАЛОМА БИЈАНКА, како и од к-цата со улица ДАМЕ ГРУЕВ и ВАСИЛ ГЛАВИНОВ кон к-ца со ул. ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ и ул. ДАМЕ ГРУЕВ.

АПЕЛИРАМЕ до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег!