И денеска прекини во електро и водоснабдувањето во делови од Скопје

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат:

-Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од ул. „Добромир Хрс“ (општина Кисела Вода)

-Во периодот од 10:00 до 15:00 часот, ул. „Васил Главинов“ и ул. „Фуштанска“ од бр. 90 до бр. 98 (општина Гази Баба)

-Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците во с. Мирковци с. Чучер и кај Чардак. (општина Чучер Сандево).

Без вода денеска дел од Центар. 

Поради реконструкција на водоводна мрежа на ул.Мирче Ацев бб испред Холидеј Ин во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Мирче Ацев, потегот од Т.Ц до ул.Кочо Рацин и ул.Мирче Мацан, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.(општина Центар).