И денеска посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот Александар Палас и СЦ Борис Трајковски

Македонија денеска и утре е домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво. 

За организација на Самитот ќе бидат потрошени 245 илјади евра, а за време на неговото одржување ќе има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот Александар Палас и Спортскиот центар Борис Трајковски. Ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта. Посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.