И денеска облачно и студено, со најави за дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Во наредните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.