Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Во период од 10:30 – 11:00 часот, дел од корисниците на место наречено Присојница – Горно Нерези во општина Ѓорче Петров
- Во период од 09:00 – 12:00 часот, дел од булевар Борис Трајковски (кај Вардар мебел) во општина Кисела Вода.
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска (четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф-100 на ул.Мишко Михајловски бр.2б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Мишко Михајловски.
Прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување на зафатот.