И денеска дождливо време - еве кога може да очекуваме да престане

Времето во земјава ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.   Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Од недела следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури.