И денес сакајте некого, не го чекајте утрешниот ден...

Колку пати сте сакале некого?
Колку пати сте биле напуштени?
Колку пати сте давале и втора, па и трета шанса?

Кога сакаме, нашите очи не гледаат ништо друго освен тоа дека нам таа личност ни е потребна и дека ја сакаме без оглед на маните. Некогаш, во целиот тој процес, забораваме да мислиме на себе, забораваме дека себе треба да се ставиме на прво место, а не другите. Но, кога сакаме, забораваме на сето тоа. Сакаме и се надеваме дека таа личност нè сака. Во некој момент, сфаќаме дека таа личност нè задушува, нè прави несреќни, но продолжуваме да сакаме, затоа што мислиме дека така треба. 

Во еден момент кажуваме НЕ. Но, тогаш веќе е доцна. Веќе сме уморни, скршени, измачени. Затоа е подобро да си сам, отколку во лоша врска. Треба човек да знае да се сака себеси, затоа што ако не се сакаме себеси, како очекуваме дека другите ќе нè сакаат? Барајте некој сличен, а сепак различен на вас. 

Животот е еден, дајте сè од себе за некој да ја добие вашата љубов, подарете им ги сите шарени бои на овој свет. Уживајте. Опуштете се. Но, само ако и вам ве прави тоа среќни. Ако гледате дека сте се изгубиле себеси, бегајте. 

Љубовта треба да нè прави подобри луѓе, посреќни, да прави постојано да се смееме. Љубовта е прекрасна, само кога човек знае да сака. Дајте му некому љубов, на начин на кој ќе се почувствува како најсреќната личност на светот. Лесно е да повредите некого, лесно е да направите некој да биде несреќен. Тоа сите го можат. Но, зошто би го правеле тоа? Ако врската не функционира, работата е многу едноставна: Спакувајте ги куферите и почнете нов живот. 

Засакајте ги нивните мани, затоа што никој не е совршен.
Засакајте некого, без притоа да го менувате.
Засакајте некој баш онаков каков што е. 

Бидете во врска само ако видите дека вашата душа и вашето срце имаат мир и спокој покрај таа личност. Да сакаш значи да бидеш жив, а за да живееме треба да знаеме да сакаме. Почнете од себеси, па потоа од другите. Прегрнете ги луѓето кои ги сакате, можеби утре нема да бидат тука. 

И денес сакајте некого, не го чекајте утрешниот ден. 

Веднаш раскинете ја врската во која сте несреќни, а не после.

Сакајте се себеси.
Сакајте ја љубовта.
Сакајте го животот.