И денес гужва на граничните премини, колку се чека за излез од Македонија?

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, а на ГП „Табановце“ се чека околу еден час за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево