И да направиме уставни измени, Бугарија повторно ќе нè блокира, вели Ристевска Јорданова

Поранешната директорка на Институтот за европска политика, Малинка Ристевска Јорданова синоќа гостуваше во емисијата „24 Отворено“ на „ТВ24“ и посочи дека уставните измени се само дел од барањата од страна на Бугарија, која и во иднина ќе нè блокира.

-Уставните измени се само дел од бугарските барања кои не се изменети од 2019 година. Проблемот е во тоа што Бугарија не го признава постоењето на македонскиот народ и идентитет и тоа се повторува, вели Ристевска Јорданова.

Ристевска Јорданова вели дека и со вметнување на Бугарите во Уставот на Македонија, не постои гаранција дека ќе прекинат новите барања од страна на Бугарија.