И цело Малме да е твое, срцето пак ти е во Маџари

И цел Малме да е твој, пак, ти е срцето овде, во Маџари во моето Скопје. Тоа се спомени од едно детство, од една младост, спомени кои се длабоко врежани во душата, за едно време кое, колку и да било сиромашно, ти ја грее душата, секогаш и секаде, вака носталгично раскажува 55-годишната скопјанка Јасмина која сега со семејството живее и работи во Шведска.

Таа за Велигденските празници се врати од Малме, во родното место, за да ги посети другарите и маалото каде го поминал детството.

– Роден сум во оваа куќа. Заедно со мојата сестра на 15 години, се преселивме во Шведска кај нашиот вујко. Од Шведска заминав во Греманија по работа, но по 5 години повторно се вратив во Малме. Срцето ми е овде во Маџари. Ако има здравје и живот јас пак, тука ќе си се вратам, раскажува Јасмина.

Населбата е изменета останале многу малку стари куќи во уличкава дел се урнати, дел заменети со нови. Но, спомените ме навраќаат на убавото детство.

-Овде живеат моите другари  Верче, Бранко, Трајче, Љупка...тие ми се комшии браќа, сестри. Се сеќавам за Велигден како деца секој од дома си носеше јајца се разменувавме на уличка се кршевме, игри смеа, веселба...Тоа никаде го нема освен овде во мојата мила убава земја. Секогаш кога доаѓам редовно ги посетувам моите пријатели и роднини. Оваа година во Скопје дојдов со својата помала ќерка, тука ќе останеме до 15 април. Се спремаме да вапцаме јајца, заедно со мојата другарка од детството и нејзините деца и сопруг вечерва ќе одиме пред Соборниот храм заедно да го дочекаме Христовото Воскресение.