Хуманоста не се кажува, туку се покажува- Секоја чест за сите хумани жени!

„Една може!“ започна да делува како интерактивна група за самохрани мајки на социјалната мрежа Фејсбук на почетокот на 2014 година, а по неколку инцијативи за решавање на предизвиците на социјален и економски аспект, во мај 2016, „Една може!„ прерасна во формално здружение.

Здружението „Една може!“ има повеќе од 2.000 членки и членови од редот на самохрани родители. Визијата на здружението е институционално и општествено прилагодување на специфичностите на еднородителските семејства и севкупна општествена грижа и позитивен третман на ниво на Република Македонија.

Хуманоста не се кажува, туку се покажува и докажува, хуманоста не се импровизира, туку реално, искрено и од срце се практицира, хуманоста на дело се чествува. Да останеме хумани и да им помогнеме на младите да блеснат за својата матурска или апсолвентска вечер!

Браво за сите хумани жени!