
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска беше во хуманитарна посета на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што изврши донација на инвертер клима уреди.
- Хуманоста ме прави среќен и духовно побогат човек. Направив хуманитарна посета на Клиниката за детски болести во Скопје каде што дониравме високо квалитетни инвертер клима уреди кои содржат можност за управување од далечина и се со сериозна економска штедливост. Оваа донација ја реализираме по завршената постапка од средствата собрани од манифестацијата Пивтијада, која традиционално се оддржува во општина Гази Баба, порача Стефковски.
- Клиниката за детски болести е местото во кое докторите се борат со предизвиците кои ги имаат стотици дечиња и обврска на сите чинители во општеството е да создаваме подобри и поквалитетни услови за лекување на нашите најмили. Хуманоста е широк поим кои значи да се помага секогаш и секаде кога и да е потребно. Маката не познавата различност, ниту етничка, верска или било каква друга.. Мојата помош и поддршка ќе ја имаат сите оние на кои таа ќе им биде потребна. Така е од првиот и така ќе биде до последниот ден од мојот мандат! – вели првиот човек на општината.