Хуманитарно за Детската клиника: Претстава “Образование? Абе ајде?!” на гимназијалците од Орце Николов

Учениците од средното училиште  „Орце Николов“ – Скопје вечерва ќе ја одиграат уште еднаш  нивната претстава “Образование? Абе ајде?!”  но овој пат хуманитарно, со цел да обезбедат пакетчиња и парични средства за децата на Детската клиника во Скопје.

– Во пресрет на новогодишните празници, ние, вашите актери, ќе ја одиграме уште еднаш нашата претстава “Образование? Абе ајде?!” со цел да украдеме по некоја насмевка од вас, но и од децата кои лежат на Детската Клиника на кои сакаме да им купиме подароци со средствата кои ќе бидат донирани од ваша страна- стои на нивната покана на социјалните мрежи.

Влезницата ќе чини 100денари или пакетче/подарок кои ќе можете да ги оставите на влезот!

-Да бидеме хумани и да стоплиме нечии срца!- е нивното мото за вечерашната претстава.